Достапни линкови

logo-print

Иран - пост изборни насилства


Протести во Техеран

Протести во Техеран

Државното радио во Иран јави за загинати и повредени во вчерашните протести на приврзаниците на опозициониот претседателски кандидат Мир Хосеин Мусави во Техеран. Според известувањата, лугето загинале во пукотниците откако неколку лица се обиделе да ја нападнат зградата на провладината Басиџ Исламска милиција. Фотограф на Асошиетед Прес изјави дека видел оти од зградата е стрелано врз демонстрантите при што неколку лица се повредени а еден од нив загинал. Еден од демонстрантите за Радио Фарда пак изјави.

,,Ние одевме од работа заедно со брат ми кој има само 15 години по единствениот пат за дома. Јас ги видов протестите. Басиџиите беа таму. Тие стрелаа врз нас и брат ми е ранет,,.

На вчерашните протести во Техеран учествуваа стотици илјадници луѓе што преставува најголеми анти владини демонстрации од исламската револуција во 1979 година. Тие избувнаа пред три дена поради спорот околу исходот од изборите, на кои, според официјалните податоци, победи досегашниот претседател Махмуд Ахмадинеџат. Демонстрантите извикуваа пароли против Претседателот и Ајатолахот Камнеи.

,,Махмут, ние ке те избркаме. Махмуд изврши кражба. Лидерите го подржуваат,,.
Претседателот на САД Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама го прекина молкот за иранските избори. Обама изјави дека Соединетите Држави го почитуваат суверенитетот на Иран и дека е внатрешна работа изборот на лидери, но тој е истовремено длабоко загрижен за пост изборното насилство и побара во Иран да се почитува демократскиот процес и слободата на говорот.
Сметам дека е погрешно да молчам за тоа што го видовме на телевизија во изминативе два дена

,,Сметам дека е погрешно да молчам за тоа што го видовме на телевизја во изминативе неколку дена. На луѓето кои вложија многу енергија и оптимизам сакам да им порачам дека светот гледа и е инспириран од нивното учество без разлика каков беше исходот од изборите,,.

Обама изјави и дека не знае кој е вистински победник на изборите и дека во Иран треба да се спороведе истрага за нерегуларностите на начин кој нема да води кон натамошни кровопролевања.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG