Достапни линкови

7 загинати во анти владините протести во Иран


Државното радио во Иран јави дека 7 лица загинале, а други се повредени во вчерашните протести на приврзаниците на опозициониот претседателски кандидат Мир Хосеин Мусави во Техеран. Според известувањата, луѓето загинале во пукотниците откако неколку лица се обиделе да ја нападнат зградата на провладината Басиџ Исламска милиција На вчерашните протести во Техеран учествуваа стотици илјадници луѓе што преставува најголеми анти владини демонстрации од исламската револуција во 1979 година. Тие избувнаа пред три дена поради спорот околу исходот од изборите, на кои, според официјалните податоци, победи досегашниот претседател Махмуд Ахмадинеџат.
XS
SM
MD
LG