Достапни линкови

logo-print

Рен- предлог за визна либерализација пред летните одмори


Европскиот комесар за проширување Оли Рен изјави дека Европската комисија ќе настојува пред летните одмори да го претстави предлогот за укинување на визниот режим за државите од Западен Балкан, откако Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија вчера на состанокот во Луксембург постигнаа согласност и изнесоа препорака за укинување на визите за патување во државите од Унијата за граѓаните на Македонија и на другите земји од Западен Балкан, кои ги исполниле потребните критериуми. На прес конференција Рен го поздрави повикот на шефовите на дипломатиите на ЕУ, Комисијата што побргу да го претстави формалниот предлог за укинување на визниот режим.
XS
SM
MD
LG