Достапни линкови

logo-print

Рикер- САД со нетрпение чека Македонија да стане членка на НАТО


Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, кој беше меѓу гостите на Првата глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон, гледа двојна конструктивна улога на македонската дијаспора – да лобира за Македонија, но и да нуди совети и искуства на македонските власти и граѓани. За тоа како да се надмине пречката - проблемот со името, Рикер го истакнува ставот на американскиот претседател Барак Обама, искажан на самитот на НАТО во Стразбур, дека САД со нетрпение очекуваат Македонија да стане полноправна членка на НАТО. Од осамостојувањето досега, американската помош за Македонија да се подготви за европската интеграција изнесува речиси една милијарда долари, посочува американскиот амбсадор.
XS
SM
MD
LG