Достапни линкови

logo-print

Препорака за укинување на визите за Македонија


Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија денеска на состанокот во Луксембург постигнаа согласност и изнесоа препорака за укинување на визите за патување во државите од Унијата за граѓаните на Македонија и на другите земји од Западен Балкан, кои ги исполниле потребните критериуми, изјави чешкиот министер за надворешни работи Јан Кохут.
Кохут, чија земја до крајот на овој месец претседава со Унијата, на прес-конференцијата по завршување на состанокот, нагласи дека министрите ја охрабриле Европската комисија да ги укине визите до крајот на годината.
XS
SM
MD
LG