Достапни линкови

logo-print

Помош од ЕУ за Украина


Министрите за надворешни работи на Германија и Полска неделава ќе ја посетат Украина со цел да утврдат како Европската Унија може да и помогне на оваа земја која е силно погодена од светската економска криза. Портпарол на германското Министерство за надворешни работи изјави дека министерот Франк Валтер Стајнмајер и неговиот полски колега Радослав Сикорски патуваат за Украина во среда на еднодневна официјална посета. Светската Банка прогнозираше дека украинската економија ќе бележи пад од 9 проценти во текот на оваа година.
XS
SM
MD
LG