Достапни линкови

logo-print

Нема решение за словенечко-хрватскиот граничен спор


Десеттиот состанок на европскиот комесар за проширување Оли Рен со шефовите на дипломатиите на Хрватска и Словенија денеска во Луксембург заврши без решение за словенечко-хрватскиот граничен спор. „Резултатот е „нула нула“, изјави шефот на дипломатијата на Хрватска Гордан Јандроковиќ по состанокот и додаде дека „двете страни инсистираат на своите позиции“.Словенечкиот министер за надворешни работи Жбогар, пред денешниот состанок го минимизираше значењето на средбата истакнувајќи дека не очекува прогрес. По состанокот, Јандроковиќ објасни дека Рен на двајцата министри им изнел свои „размислувања“. Врз основа на тоа, треба да продолжат преговорите во следните денови.
XS
SM
MD
LG