Достапни линкови

Агенцијата за атомска енергија се надева на дијалог меѓу САД и Иран


Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи изрази надеж за дијалог помеѓу САД и Иран во врска со иранската нуклеарна програма. Официјален Техеран ги одби барањата на Обединетите Нации за стопирање на програмата за збогатување на ураниум. Новоизбраниот претседател на Иран Махмуд Ахмадинеџад изјави дека нема намера да ги смени нуклеарните политики на земјата. САД, од друга страна, стравува дека Иран може да ја користи нуклеарната програма за производство на оружје.
XS
SM
MD
LG