Достапни линкови

Двојно поголем увоз од извоз


Влада на Република Македонија
Влада на Република Македонија
Македонија увезува речиси двојно повеќе отколку што извезува во странство според последните податоци на заводот за статистика. Едно од решението кое се нуди за спас е да се зголемат акцизите на одредени производи. Зголемените акцизи ќе го поскап
Може да бидат краткорочни мерки, но на долг рок треба да најдеме начин како да го зголемиме извозот.
ат и со тоа ќе го намалат увозот , а собраните средства би се искористиле за субвенционирање на извозот. Намалувањето на увозот е само моментално решение вели економистот Петрит Положани. Ние како земја со отворена економија треба да ги помагаме дејностите, кои се бават со извоз вели тој.

„Може да бидат краткорочни мерки, но на долг рок треба да најдеме начин како да го зголемиме извозот.“

Според сопственикот на рудникот Бучим Николајчо Николов државата треба да им помогне на фирмите, кои се ориентирани кон извозот, бидејќи намалувањето на увозот нема да го подобри трговскиот дефицит.

„Намалувањето на увозот не може да го спаси трговскиот дефицит. Увозот не се прави само поради увоз, туку заради ост
Во овој момент имаме состојба во која кризата се одразува најмногу, затоа што е намалена побарувачката за нашите производи на традиционалните пазари што сме ги имале. Стратeгијата сега треба да биде да се задржат тие со некакви државните субвенции, компаниите мора да се реструктуираат кон извозот
варување производство. Не верувам дека некој увезува заради увоз.“

Во време на криза очекувано е да се избере полесната опција, сепак државата ќе мора што побрзо да направи стратегија за зголемување на извозот, но и фирмите треба да изнајдат некое решение вели претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

„Во овој момент имаме состојба во која кризата се одразува најмногу, затоа што е намалена побарувачката за нашите производи на традиционалните пазари што сме ги имале. Стратeгијата сега треба да биде да се задржат тие со некакви државните субвенции, компаниите мора да се реструктуираат кон извозот.“

Веќе девет месеци бизнисмените од металуршкиот и текстилниот сектор кои се најпогодении од економската криза бараат помош од владата. Според експертите лошата состојба на трговскиот дефицит е токму поради намалениот извоз на металургијата и текстилните производи.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG