Достапни линкови

Стратегија за името


Собраниската сала
Собраниската сала
Пратеничките групи во Собранието на Македонија, се уште, не го усвоија конечниот текст на предлог-државната стратегија за решавање на разликите со Грција околу името на Република Македонија. Координацијата меѓу шефовите на пратеничките групи е во тек, иако се очекуваше таа да заврши претпладнев. Поради застојот во координацијата, не започна ни пленарната седница на која требаше да се расправа за текстот.

Иако, стратегијата за името, претходно, беше усогласена и со пратениците и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, во петокот, владејачката ВМРО-ДПМНЕ поднесе четири амандмани за измена и дополнување на документот. Тоа создаде нервоза кај пратениците од опозицијата и се уште, е неизвесно дали денеска ќе се гласа за документот.
Пратеникот Стојан Андов од Либералната партија, кој ја изработи стратегијата смета дека Македонија нема да биде пречка за решавање на спорот за името со Грција, ако се усвои оваа државна стратегија за решавање на разликите со Грција околу името.

„Државната стратегија упатува на тоа, владата да работи брзо да се реши овој проблем. Владата немаше забелешки, значи има услови кај нас. Според тоа, Македонија не може да биде пречка за било какви одлагања штом се усвои тој документ.“
Државната стратегија упатува на тоа, владата да работи брзо да се реши овој проблем. Владата немаше забелешки, значи има услови кај нас. Според тоа, Македонија не може да биде пречка за било какви одлагања штом се усвои тој документ


Иако, стратегијата за името, претходно, беше усогласена и со пратениците и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, во петокот, владејачката ВМРО-ДПМНЕ поднесе четири амандмани за измена и дополнување на документот. Тоа создаде нервоза кај пратениците од опозицијата и се до претпладнево беше неизвесно дали денеска ќе се гласа за документот.

Главните насоки на стратегијата се да се разговара само за име кое ќе ја замени привремената референца ПЈРМ, како што предвидува и Резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН, да не се менува Уставот, да се потврди и да не се проблематизира македонскиот национален и јазичен идентитет, да се почитува правото на самоидентификување и да се градат пријателски и добрососедски односи со Грција.
Генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров вели дека насоките од стратегијата предложена од пратеникот Андов, во најголем дел се поклопуваат и со ставовите на социјалдемократите.

„Имаме некои сугестии, меѓутоа бидејќи беше таков договорот таа да се поддржи без амандмани, ние сме спремни да ка поддржиме таа стратегија. Во неа е содржано сето она за што зборувавме.“

Премиерот Никола Груевски, во саботата, уште еднаш го повтори ставот на власта дека евентуалното решение ќе оди на референдум пред граѓаните.

„Ние сме во разговори поврзани со изнаоѓање на решение за овој проблем. Меѓутоа, како што имаме кажано, сепак на крајот граѓаните ќе го имаат зборот за она што се вика иднина на државата и се вика носење на круцијални одлуки за Република Македонија.“

Разгледувањето на стратегијата е во пресрет на продолжувањето на грчко-македонските разговори за името со посредство на Нимиц закажани на 22 јуни во Женева по четиримесечниот прекин, поради изборите во двете земји. Посредникот на ОН, по средбата со преговарачите Зоран Јолевски и Адемантиос Василакис, на 6 јули треба да го посети Скопје, а два дена подоцна и Атина.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG