Достапни линкови

logo-print

Во Иран забранети протестите на приврзаниците на Мусави


Приврзаниците на поразениот ирански претседателски кандидат Мирхосеин Мусави одржуваат протести во Техеран и покрај забраната од министерството за внатрешни работи.

Во протестите во изминативе два дена против сомнителниот реизбор на претседателот Махмуд Ахмадинеџад имаше судири со полицијата. Вакви протести не се забележани во Иран уште од деновите на Исламската револуција во 1979 година.

,,Смрт на диктаторот. Господ е голем.,,

Извикуваа демонстрантите во дводневните протести до кои дојде по одржаните претседателски избори во петокот. Тие сметаат дека победата на Ахмадинеџад е резултат на изборна измама. Неговиот противкандидат Мусави кој веќе поднесол жалба до Врховниот суд побара од приврзанците да ја продолжат борбата мирољубиво низ системите на државата. Во истовреме, Ахмадинеџад изјави дека изборите биле фер, а протестите ги оцени за неважни.

,,Во земја каде што 85 проценти од луѓето учествуваат на избори, а 62 процента гласаат за еден кандидат тоа покажува дека народот е обединет во своите национални интереси.,,
Во резултатите има математички грешки. Тие дури не знаат како да ги наместат изборите. Не мислевме дека ќе одат до таму...

Изјави Ахмадинеџад на прес конференција во Техеран на која ги негираше и критиките за изборите од западните новинари:

,,Од каде знаете дека луѓето не ги прифаќаат резултатите? Вие контактирате со четириесет милиони луѓе? Вие се гледате само со неколкумина како вас.,,

Рече Ахмадинеџад кој го обвини западниот печат за мешање во иранските внатрешни работи. Агенциите јавуваат дека пред изборите повеќе странски новинари биле замолени да го напуштат Иран, а стотина домашни новинари и реформисти биле уапсени. Иранската новинска агенција ИРНА објави дека уапсените биле вклучени во подготовката на протестите во Техеран. Вчера, организацијата Репортери без граници побара од европските земји да не ги признаваат изборните резултати. Европската унија веќе изрази загриженост во врска со постизборното насилство и со неправилностите во гласањето.

,,Во резултатите има математички грешки. Тие дури не знаат како да ги наместат изборите. Не мислевме дека ќе одат до таму.,,

Изјави за Радио Фарда Ебрахим Набави, ирански сатиричар кој живее во егзил во Белгија, наведувајќи дека резулатите ќе имаат негативни ефекти врз иднината на Иран. Американскиот потпретседател Џо Бајден, изразувајќи сомневање во изборните резултати, сепак изјави дека позицијата на Вашингтон засега останува резервирана.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG