Достапни линкови

Во Иран, забранети протестите на опозицијата


Иранското министерство за внатрешни работи ги забрани најавените денешни протести на приврзаниците на поразениот ирански претседателски кандидат Мирхосеин Мусави. Во протестите во изминативе два дена против сомнителниот реизбор на претседателот Махмуд Ахмадинеџад имаше судири со полицијата. Американскиот потпретседател Џо Бајден, изразувајќи сомневање во изборните резултати, изјави дека позицијата на Вашингтон засега останува резервирана.
XS
SM
MD
LG