Достапни линкови

Изборите во Иран како „фудбалски натпревар“ ?


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги спореди реакциите на изборите во Иран со фудбалски натпревар. На првото обраќање по победата на претседателските избори, Ахмадинеџад рече дека некои луѓе се премногу сентиментални. „Како што реков, тоа е како фудбалски натппревар. Нивниот тим не го доби мечот“ рече иранскиот Претседател кој доби втор четиригодишен мандат. Во меѓувреме, на улиците во Иран продолжуваат судирите меѓу полицијата и поддржувачите на реформистот Мир Хусеин Мусави.
XS
SM
MD
LG