Достапни линкови

Построга контрола на американскиот финансиски сектор


Американскиот претседател Барак Обама е подготвен да воведе построга контрола во американскиот финансиски систем, пренесуваат новинските агенции. Според се уште неофицијални информации, Америка ќе ја организира најстрогата ревизија на банките и фондовите, поригорозна од онаа за време на Големата депресија во земјата од 1929 година. Целта е да се спречи повторување на финансиската криза која настана во САД, предизвикувајки разорувачки ефекти во светската економнија. Новинската агенција „Асошијетед Прес“ информира дека предлогот веќе е во Американскиот Конгрес.
XS
SM
MD
LG