Достапни линкови

logo-print

Прво обраќање на Ахмадинеџад по победата на изборите во Иран


Новоизбраниот ирански Претседател Махмуд Ахмадинеџад го одржа првиот говор по победата на претседателските избори, во услови на улични протести и масовно незадоволство од изборните резултати. Ахмадинеџад го изрази своето задоволство од високата излезност на изборите, посочувајки дека иранскиот народ гласал слободно и без притисоци. Во своето обраќање новоизбраниот претседател посочи дека Иранските власти нема да ги толерираат сите оние кои сакаат „да ја размазат иранската нација“.
Ахадинеџад посочи дека во Иран се води „психолошка војна“, состојба за која тој ги обвини дел од западните медиуми. Ахмадинеџад, кој доби втор четиригодишен претседателски мандат, посочи дека потребни се темелни промени во светот. „Иранската нација е свесна за нивните намери“ рече Ахмадинеџад, говорејки за „некои организации кои не ја научиле лекцијата од пред четири години“. Претседателот го заклучи своето обраќање со констатацијата дека духот од револуцијата која се случи пред триесетина години, се уште е присутен меѓу народот.
XS
SM
MD
LG