Достапни линкови

Несогласувања меѓу САД и Британија за Гвантанамо Беј


Несогласувања меѓу САД и Британија избија по одлуката на американските власти за сместување на четворица затвореници од Гвантанамо Беј во Бермуда, прекуокеанска територија на Обединетото Кралство. Американски владини службеници за Би-Би-Си изјавиле дека одлуката за привремено сместување на затворениците во Бермуда се држела во тајност од британските власти со цел да се избегне дипломатски скандал. Британија се буни поради тоа што локалните власти во Бермуда не ги консулктирале за прифаќање на затворениците. Привременото сместување на затворениците во Бермуда е дел од стратегијата на американскиот претседател Барак Обама за затворање на Затворот Гвантанамо Беј во Куба.
XS
SM
MD
LG