Достапни линкови

Наместо одмор, сезонска работа во странство


Младите во Македонија се почесто се решаваат за работа на брод
Младите во Македонија се почесто се решаваат за работа на брод

Притиснати од економските проблеми, се повеќе млади во Македонија го користат летото да заминат на сезонска работа во странство. Тие велат, тоа е убава можност да се прошета, нешто да се заработи, па дури и да се одмори

Наместо на летен одмор голем дел од младите луѓе од земјава се одлучуваат овој период од годината да заминат на сезонска работа во странство. Најчесто нивен избор се соседните земји. Целат им е да заработат повеќе пари, а дневниците им се движат
Пред се, да истерам еден убав одмор, да се одморам, ем работа, ем подобри услови за работа има, подобро е платено, и шетање и работа и одмор, се во едно
од 25 до 35 евра. Двесет и пет годишната Љупка Чомовска веќе трета година по ред летото го поминува во Грција. Сезонската работа за неа претставува шанса не само да заработи некој денар, туку и добие бесплатен одмор и забава.

„Пред се, да истерам еден убав одмор, да се одморам, ем работа, ем подобри услови за работа има, подобро е платено, и шетање и работа и одмор, се во едно.“

Некои сепак велат дека летото е резервирано само за одмор, некои пак имаат обврски кон факултетот. Но повеќето од младите велат дека би отишле да работат во странство, поради добрата заработувачка.

„Има понуди да одам, ама што знам, за одмор е летото, цела година учиме, сега да одмориме малку.“
„Повеќе пари има.“
Значи, има голема заинтересираност. Студентските програми се се поактуелни, зашто даваат можност за заработка. Повеќето одат за одмор таму и да имаат пари за тој одмор и добро работно искуство во странство


Најчесто тие сами наоѓаат работа, дури кога ќе пристигнат на посакуваната дестинација. Но во земјава има и агенции кои посредуваат за привремена работа во странство. Тие им нудат договор, сигурно работно место и плата. Поради економската криза за разлика од лани оваа година има повеќе заинтересирани вели Атанс Паланов од агенцијата Јошевски Консалтинг.

„Значи, има голема заинтересираност. Студентските програми се се поактуелни, зашто даваат можност за заработка. Повеќето одат за одмор таму и да имаат пари за тој одмор и добро работно искуство во странство.“

Во последно време голем дел од младите, кои се невработени заминуваат на брод, најчесто по шест месеци. Според агенциите освен што заработуваат таму повеќе пари отколку во соседството, тие имаат можност и да ги посетат поодалечените земји.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG