Достапни линкови

Поради блокираните сметки, 14 општини сеуште не можат да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација. Градоначалниците се жалат дека не може да го планираат идниот развој на општините.

Четиринаесет општини во земјава сеуште не можат да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација. Причината лежи во блокираните сметки поради долгогодишните долгови на тие општини. Иако севкупно долговите на општините се намалени од 50
Погрешно гледање на работите е одлуката општините кои се презадолжени да не може да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација. Затоа што не е битно кој колку должи, битно е капацитетот на општината да се справува со тие финансиски проблеми. Во смисол што некоја општина може да должи десет илјади евра, а да не може да ги врати никогаш, а може да се должи и милиони евра, меѓутоа доколку има капацитет општината да го врати тоа не е никаков проблем
милиони на 12, некои општини се сеуште со врзани раце во однос на својот иден развој. Така барем ја опишуваат својата сегашна состојба во однос на финансиското осамостојување и посветеноста на сопствени проекти. Ним не им е дозволено да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација.

Општина Охрид има блокирана сметка поради долгови наследени од минатото кога сеуште не бил започнат процесот на децентрализацијата на власта. Овие долгови се во најголем дел како што објаснува градоначалникот Александар Петровски направени за изградбата на колекторот за заштита на Охридското езеро и спортската сала или објекти во кои би требало да учествува и државата и со кои и денеска стопанисува или е сопшственик државата. Денеска оваа општина се чувствува оставена сама на себе во справувањето со оваа состојба.

Зградата на Владата на Република Македонија
„Ниту меѓународниот фактор кој учествуваше во поддршка на децентрализација, ниту државата не застанаа за решавање на овој проблем. Бевме оставени сами на себе и со судовите да се расправаме. Погрешно гледање на работите е одлуката општините кои се презадолжени да не може да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација. Затоа што не е битно кој колку должи, битно е капацитетот на општината да се справува со тие финансиски проблеми. Во смисол што некоја општина може да должи десет илјади евра, а да не може да ги врати никогаш, а може да се должи и милиони евра, меѓутоа доколку има капацитет општината да го врати тоа не е никаков проблем,“

вели градоначалникот на Охрид, Александар Петровски. Едно од можните решенија во кој гледаат излез е земањето кредит. Меѓутоа за какво и да подигање кредити од банките, тие мора да добијат одобрение од Министерството за финансии. Ова оптшините го доживуваат како уште едно суштинско ограничување и попречување на патот кон вистинската децентрализација.

„Ние сме единствен субјект во светот што не може да земе кредит. Значи, може да земат кредит приватните лица, државата, така што тие работи се оставени недефинирани, т.е. оставено е економските проблеми да ги решава политиката, што не е во ред.“

Меѓу 14 општини кои имаат блокирани сметки се наоѓаат и општините Кичево, Виница, Чучер Сандево, Делчево. Нивните долгови најчесто произлегуваат од извршени градежни работи, дел спрема ЕСМ или сегашната ЕВН и голем дел спрема експроприации направени пред или по осамостојувањето на земјава. Од тие причини каматните стапки коишто се судски изнесуваат 20%. Доколку би се задолжиле кон деловните банки, тие камати би биле значително пониски.
Ние сме единствен субјект во светот што не може да земе кредит. Значи, може да земат кредит приватните лица, државата, така што тие работи се оставени недефинирани, т.е. оставено е економските проблеми да ги решава политиката, што не е во ред


Министерството за финансии им препорачува на општините да извршат систематизирање на долговите по видови и да склучат повеќегодишни договори со доверителите за исплата на долгот.Она што можат да ветат оттаму како помош се одредени краткорочни заеми.

„Најверојатно ќе бидат одобрени краткорочни заеми за општините кои ги исполнуваат условите за задолжување во рамките на законските лимити за задолжување, со што би се постигнало и деблокирање на сметките,“

изјави портпаролот на министерството за финансии, Ивана Билбиловска.

Министерот за финансии Трајко Славевски
Финансиската нестабилност на еден дел од општините се провлекува низ сите изминати четири години. Една од можните опции да се стаса до решение е одобрувањето заем за раздолжување од страна на државата која општините би ја враќале од општата дотација која ја добиваат и од ДДВ и од персоналниот данок. Што се однесува до кредитите, според законот за финансирање на локалната самоуправа, општините мора претходно да добијат позитивно мислење од министерството за финансии. Основниот критериум да добијат такво мислење е да се финансиски стабилни и него не го исполнуваат општините кои имаат блокирани сметки. Поранешниот претседател на ЗЕЛС и експерт за локална самоуправа, Горан Ангелов вели дека праксата покажува оти одредени измени во овие законски одредби ќе треба да бидат направени.

„Веројатно ќе треба да се направи можеби одредена измена, до одредена висина, да кажеме процентуална која би била во однос на буџетот на општината да не се бара мислење, а над тој процент да се бара мислење. Мислам дека тоа е оптималното решение за Македонија,“

вели Ангелов.

Охрид
Одобрението од државата за задолжување кај банките е едно во низата. Ангелов смета дека сеуште одосот на локалната и централната власт е поврзана со премногу одобренија и дозволи коишто треба да се добијат од централната власт.

„Премногу е силна таа конекција и притисокот кој го чувствуваат локалните власти. Особено во донесувањето на урбанистичките
Веројатно ќе треба да се направи можеби одредена измена, до одредена висина, да кажеме процентуална која би била во однос на буџетот на општината да не се бара мислење, а над тој процент да се бара мислење. Мислам дека тоа е оптималното решение за Македонија
планови. Вие имате ситуации кога некои планови се разгледуваат по четири пати од централната власт.“

Во 2005-година сметката на општина Струга била блокирана а севкупниот долг на општината изнесувал речиси 5 милиони евра. Најголем дел од долговите општината ги вратила преку поединечни договори со доверителите во кои им биле простени каматите. И покрај стабилната финансиска сосотојба, општината силно ја чувствува прикриената државна контрола над децентрализацијата. Струга која е туристички град кој би сакал и би можел да располага со плажите како и со земјоделското земјиште како сопствен ресурс. Располагањето со градежното земјиште е сеуште најглавната спорна точка околу која се судираат локалната и централната власт.

„2006 ги добивме на концесија плажите на 99 години од централната власт, од Министерството за транспорт, дојде друга власт, донесе времена мерка и го раскинува договорот за да ни ги одземат плажите. Тоа е ресурс на општината,“

ја илустрира состојбата струшкиот градоначалник. Она во што ги чувствуваат првите привилегии од фискалната децентрализација се преземените ингеренции во образованието или во областа на урбанизмот. Од особена важност се можностите во делот на прибирањето на средствата кои овозможуваат развој н општината. Задолжените општини кои имаат блокирани сметки сеуште не можат да го почувствуваат овој степен на независност што во голема мера ги ограничуваат и можностите за планирање на нивниот сопствен развој.

„Не можеме да планираме за сопствениот развој, затоа што сега со блокирана жиро сметка не одлучуваме каде што треба да се плати, туку сите средства одат таму каде што не имаат блокирано. Така што, не можеме да го планираме развојот. Не знаеме колку средства ќе имаме во општината. Имаме пристап само до средствата за плата за вработените и одредена сума што судот ја има одредена за какво такво функционирање на општината. Има децентрализација само онаму каде што треба да трошиме пари.“

вели градоначалникот на Охрид.

Што со општините во кои се случува финансиска нестабилност што е главна причина за непреземањето на фискалната децентрализација. Ангелов вели дека по законост за финансирање на локалната самоуправа ако во некоја општина повеќе од два месеци се случува финансиска нестабилност, треба да се формира комисија со која би претседавал министерот за финансии. Во оваа состојба би требало да се формираат 14 вакви комисии колку што постојат општини кои имаат блокирани комисии.

„За жал, изминативе четири години не се формира ниту една комисија, за ниту една општина каде што не се влезе во втора фаза од фискалната децентрализација, а каде што услов зошто не се влегува е токму финансиската нестабилност. Јас да ви кажам искрено, не знам зошто, но факт е дека вакви комисии немаме формирано,“

појаснува Ангелов.

Засега државата се однесува како да не го гледа фактот на финансиската нестабилност на општините, веројатно како израз на стравот да се преземе тој ризик, вели Ангелов иако кога тогапш тој ризик ќе мора да се преземе и општините да се извлечат од сосотојбата на задолженост. Финансиската сосотјба на општините и во пошироки рамки се смета за проблем околу кој ќе треба да се бараат нови и соодветни решенија. Освен можноста да располагаат со имотите на својата територија и со тоа да се стекнат со поголема можност за привлекување инвеститори, тие бараат и зголемување на одвоениот дел од државниот буџет. Локалната власт бара поголем процент од данокот на додадена вредност од 3 на 6% и од персоналниот данок намессто досегашните 3 да им бидат наменети 30 % особено поради фактот дека со финансиски средства не се сеуште покриени еден дел од надлежностите кои ги презедоа општините како што се културата, спортот, здравството. Минстерот за финансии ваквото барање го нарече апсурдно бидејќи според него 100% од персоналниот данок на приход државата им го дава на општините и оние средства кои им се отстапуваат на општините ја надминува вредноста на целокупниот персонален данок што влегува во државниот буџет. Постојат мислења дека општините и самите треба да бараат нови извори на средства што е повторно возможно преку зголемената ефикансост во нивнтото работење.
XS
SM
MD
LG