Достапни линкови

logo-print

Оли Рен бара европско однесување од Хрватска и Словенија


Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска во Брисел изјави дека е за конечно решавање на хрватско словенечкиот спор, додавајќи дека во тој процес е потребно да се размислува повеќе европски, а помалку балкански. Рен најави дека в понеделник во Луксембург ќе се сретне со министрите за надворешни работи на двете земји. Претходно, хрватскиот премиер Иво Санадер изјави дека Словенија со блокирањето на преговорите на Хрватска не ги загрозува само реформските напори на Загреб, туку и на цела Југоисточна Европа.
XS
SM
MD
LG