Достапни линкови

НАТО се консолидира во Авганистан


Министрите за одбрана на НАТО го завршија дводневниот состанок во Брисел со неколку одлуки во врска со мисијата во Авганистан.

На денешната прес конференција генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер изјави дека министрите одобриле мисија за обука на авганистанската полиција, како и испраќање дополнителни триста војници, повеќето од Италија и Франција .

,,Мисијата во Авганистан сега порасна на над 60 илјади војници и ќе продолжи да се зголемува. Исто така ќе расте и мисијата за тренинг на полицијата. Тука е и се поголемата потреба за координација меѓу ИСАФ, нашите авганистански пријатели и преостанатиот дел од меѓународната заедница во Авганистан.,,

Минстрите се согласиле и за промена на командните структури во Авганистан со кои се рефлектира поголемата американска вклученост во таа земја. Имено, наместо еден, сега двајца американски генерали ќе раководат со воените операции во таа земја. Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вчера изјави дека сојузниците се согласиле оти мисијата мора да покаже успех во наредната година ипол. Инаку, вчера НАТО министрите донесоа одлука за постепено намалување на бројот на војниците на Косово од сегашните 14 илјади, на 10 илјади.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG