Достапни линкови

Во Белград примени акредитивите на новиот македонски амбасадор


Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска ги прими акредитивите на новиот амбасадор на Македонија во Белград Љубиша Георгиевски, соопштено е од кабинетот на српскиот претседател. Македонија од октомври лани немаше свој амбасадор во Белград, бидејќи претходниот Александар Василевски беше прогласен за ,,персона нон грата,, поради одлуката на официјално Скопје да ја признае независноста на Косово.
XS
SM
MD
LG