Достапни линкови

Косово - Пари за лажно сведочење?


Косовската полиција уапси вчера три лица во близина на Чаглавица, осомничени дека на други лица им нуделе пари за да даваат изјави дека биле жртви на трговија со човечки органи за време на војната на Косово. Портпаролот на косовската полиција Арбен Бека изјави дека се уапсени едно лице од Штрпце, и двајца од Белград и Нови Сад. Според сознанијата на полицијата осомничените за давање лажни изјави нуделе до сто илјади евра.Приштинскиот весник „Експрес“ објави денеска дека постои сомневање оти двајца од уапсените се припадницина Безбедносно-информативната агенција на Србија и дека се одговорни за палење на царинските пунктови во северно Косово во февруари минатата година.
XS
SM
MD
LG