Достапни линкови

Лошата инфраструктурата пречка за привлекување инвеститори


Лошата инфраструктура во Македонија преставува пречка во привлекувањето на странски инвеститори. Експертите порачуваат дека за државата да не остане ,,слепо црево" во трговијата на Балканот мора да се инвестира во подобрување на инфраструктурата.

За да не остане Македонија слепо црево во трговијата на Балканот треба да се доизградат регионалните патишта, потребен е излез на морските пристаништа Бургас, Варна, Драч и Валона, осовременување на наплатниот систем на патарина, како и подобрување на целата железничка инфрастуктура. Овие препораки треба да бидат приоритни, порачуваат од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи. Резултатите од истражувањата на Институтот покажуваат дека во Македонија годишно треба да се санираат околу 300 километри од патиштата. Од Агенцијата за државни патишта велат дека интезивно се работи на одржување и градење на патишта.
Постојат проблеми што досега во изминативе години иако секогаш се зборувало за изградба на Коридорите 8 и 10, всушност не биле подготвени проектите


,,Постојат проблеми што досега во изминативе години иако секогаш се зборувало за изградба на Коридорите 8 и 10, всушност не биле подготвени проектите. Значи ние во изминативе скоро три години работиме на изработка на проектот, за да може да се отпочне со градби, за да може да се привлече инвеститор."

Вели Катерина Панова Илиевска од Агенцијата за државни патишта.
За стопанските комори инфаструктурните проблеми се големата пречка за влез на странски инвестиции. Стопанските комори на Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово, заеднички ќе аплицираат кај институциите на Европската Унија за унапредување на патиштата за олеснување на трговијата..

,,Тоа е инфраструктурата која што се наоѓа во многу лоша состојба, преставува голема пречка за развој на бизнисот. Ние и ден денеска немаме железничка линија со Албанија, имаме многу лоши комуникации во моментов и со останатите држави."

Вели претседателот на македонската Стопанска комора Бранко Азески.
Инфраструктурните проблеми во Македонија не се еднинствените кои ги мачат инвеститорите. Најмногу замерки имаат за
Инфраструктурата која што се наоѓа во многу лоша состојба, преставува голема пречка за развој на бизнисот
неразрешената сопственост на земјиштето, неубанизираните локации, долги процедури, нејснотии во надлежностите на институциите, партиски препукаувања во администрациите. Експертите велат дека условите за странските економисти треба да се подобрат.

,,За да се развива добар и квалитетен бизнис, јасно е дека треба да се има квалитетна комуникација, со големи пристаништа, поврзување со големи градови, и други меѓународни пазари. Државата мора да поведе сметка за таа инфраструктура и тоа не разбрано само како патишта, туку инфраструктура и како електронски комуникации, интернет врски со светот, се со цел да се овозможи на бизнисот да ги има истите услови како и во неговите матични земји."

Вели професорот Зоран Ивановски.
Вложувањето во инфраструктурните проекти се голема помош за стопанството. Сотоа се намалувааат на последиците од рецесијата-велат експертите.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG