Достапни линкови

Решението за името во рацете на власта


Консултации за името на државниот врв
Консултации за името на државниот врв

Политичките партии најавуваат поддршка за власта во преговорите и евентуалното решавање на спoрот со името. ДУИ сака што побрзо решение, а опозиционата СДСМ вели дека нема да прави опструкции.

Политичките лидери не треба да се плашат да донесат големи одлуки, што во тој момент нема да бидат најпопуларни кај граѓаните, посочува пратнеикот Џеват Адеми од владејачката ДУИ, по засилените пишувања во грчките весници дека се зголемува притисокот за решавање на спорот за името со Грција.

,,Вистинските државници, лидери, во вистинскиот момент треба да преземат и такви чекори кои можеби нема да бидат сеприфатливи од
Кога е во прашање државниот интерес, државниот врв, политичкиот врв, треба да ја преземе одговорноста. Поважна е НАТО и ЕУ перспективата на државата отколку било чија лична кариера
јавноста. Кога е во прашање државниот интерес, државниот врв, политичкиот врв, треба да ја преземе одговорноста. Поважна е НАТО и ЕУ перспективата на државата отколку било чија лична кариера."

Според грчките медиуми, најголем притисок од Американците се очекува во септември. Адеми вели дека тие, како партија, се солидарни со сограѓаните Македонци, но дека спорот за името треба да се реши. Ние не имплициравме повеќе од тоа што сметавме дека е неопходно, за да се манифестира државниот и националнен консензус во Македонија, вели Адеми.

,,Ние имаме разбирање за чувствата на нашите сограѓани, ние сме за разумно решение кое што нема да ги повреди чувствата на нашите сограѓани. Дали тоа ќе биде Северна Македонија, дали ќе биде трето решение, во однос на НАТО и ЕУ перспектива, за нас тоа и не е толку битно."

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз Андреј Петров вели дека нема да и ставаат сопки на владата, во евентуалното решавање на спорот, иако, вели Петров, јас немам впечаток дека има суштински преговори.

,,Владата е таа која што треба да ги води преговорите, да дојде до некое решение и тоа решение да го понуди, а ние нема да отстапиме од својот став дека принципиелна поддршка од наша страна имаат. Нема да имаат свесни опструкции"
Ние нема да отстапиме од својот став дека принципиелна поддршка од наша страна имаат. Нема да имаат свесни опструкции


Според сите испитувања на јавното мислење, најголем дел од јавноста се противи на промена на името на земјава.
Пратеникот Стојан Андов, сепак, не се согласува дека цената на компромисот е превисока. Владата не може да падне ако го реши спорот и ги забрза евроинтеграциските процеси, дециден е Андов.

,,Нема тоа врска се работи за државни работи, од државен интерес, зошто да падне владата, ако ги решава работите? Владата може да падне ако не ги решава работите, а не доколку ги решава."

Грчките весници пишуваат дека посредникот во спорот за името на Обединетите Нации Метју Нимиц нема да изнесе нов предлог, туку ќе се задржи на сегашниот - Северна Македонија.
Нимиц, за десет дена, во Женева ќе се сретне со претставниците на Грција и на Македонија, Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски. Потоа, посредникот Нимиц меѓу 6 и 8 јули ќе ги посети Скопје и Атина.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG