Достапни линкови

Фајненшл тајмс: намалувањето на силите на Косово потребен потег


Вчерашната одлука на министрите за одбрана на НАТО за намалување на бројот на војниците на Косово претставува потврда за се поголемата стабилност на новата држава на Балканот, пишува „Фајненшл тајмс“. Се очекува првото намалување од сегашните 14 илјади на 10 илјади војници да почне во почетокот на идната година и по две години, составот на НАТО да се сведе на две ипол илјади луѓе. Според лондонскиот весник, војниците сега повеќе биле потребни во Авганистан, а одлуката била неопходна и за да одбегне ситуацијата во која секоја земја самата ќе решава кога да се повлече од Косово.
XS
SM
MD
LG