Достапни линкови

Гадафи ја критикува американската инвазија во Ирак


Претседателот на Либија Моамер ел Гадафи ги обвини САД дека им го предале Ирак на Ал Каеда, со тоа што го елиминираа поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин. Гадафи при неговата посета на Рим, изјави дека Хусеин ги спречувал терористите да влезат во неговата земја, но Америка со инвазијата на Ирак, само им ги отворила вратите на припадниците на Ал Каеда. Либискиот претседател исто така изјави дека нема некоја битна разлика меѓу акциите на Американците и оние на Бин Ладен. Инаку, на посетата на Гадафи на Римскиот Сенат се спротивставија бројни пратеници, а и студентите протестираа против неговата посета на Универзитетот во Рим.
XS
SM
MD
LG