Достапни линкови

logo-print

Привремено запрена потрагата во Атлантикот


Потрагата по деловите на авионот на „Ерфранс„ кој неодамна се урна во Атлантскиот океан е прекината поради лошото време, јавуваат бразилските медиуми. Потрагата ќе продолжи штом ќе престане бурата, а следната недела властите треба да одлучат до кога ќе се трага по загинатите. До сега од океанот се извлечени 41 тело. Произведувачот на авиони Ербас, деновиве се соочи со нови проблеми. Најпрвин авионот кој сообраќал од Јапонија кон Австралија, принудно слетал на еден остров, откако избил пожар во пилотската кабина. И на белградскиот аеродром авион на ЕрФранс не полета откако се случила незгода, најверојатно поради неприлогодената брзина на авионот, изјави заменик директорот на аеродромот.
XS
SM
MD
LG