Достапни линкови

Грција ќе го забрани пушењето на јавни места


Грција како земја со рекорден број пушачи во Европа, од 1 јули ќе го забрани пушењето на јавни места. Ова е трет обид да се забрани пушењето. Во поголемите ресторани ќе мора да има посебни места за пушачи, а помалите локали ќе треба да решат дали ќе примаат пушачи или ќе го забранат пушењето. Казните за непочитување на законот се до 500 евра. Во Грција повеќе од 42 насто од населението се пушачи, а околу 20.000 луѓе годишно умираат како последица на пушењето, говорат податоците на Европската комисија.
XS
SM
MD
LG