Достапни линкови

Желботеките најслушани


Радио приемник

Радио приемник

Во Македонија сеуште многу популарни се телевизиските и радио емисии во кои се испраќаат желби, честитки и поздрави. Според Советот за радиодифузија значаен дел од приходите на медиумите доаѓа од овој тип на емисии, каде се комуницира со СМС пораки или телефонски повик.

,,А сега поздрави и честитки"

Вака тогаш популарниот бенд Рокери с` Мораву на почетокот на осумдесетите години ги пародираа популарните радио и телевизиски емисии во кои се испрааќаат желби, честитки и поздрави. Се чини, дека и по три децении во Македонија ништо не е променето на ова
Јас сум роден во село Горно Врановци. Сакам да ми се испее песната...
поле.

,,Јас сум роден во село Горно Врановци. Сакам да ми се испее песната..."

Еден од косопствениците на локалното скопско радио Зона М1 Маријан Тасевски вели дека 30 насто од нивните приходи доаѓаат токму од СМС пораките. На големите празници имаме и специјални програми за поздрави, желби и честитки, вели Тасевски.

,,Луѓето кога се поголемите празници сакаат да се поздравуваат и тука СМС пораките се најистакнати."

Тасевски вели дека луѓето најмногу порачуваат народни песни и се сомнева дека ваквите програми би имале успех со други музички
Над 60% од луѓето во Македонија го слушаат народно-забавното. Така што џез или рок, или што јас знам, се помалку процентуално слушани и мислам дека помалку би испраќале СМС пораки за таков музички стил
правци.

,,Над 60% од луѓето во Македонија го слушаат народно-забавното. Така што џез или рок, или што јас знам, се помалку процентуално слушани и мислам дека помалку би испраќале СМС пораки за таков музички стил."

25 годишната скопјанка Сашка вели дека со пораките на фолк радијата се забавува со другарите.

,,Никогаш немам пратено порака, за да му честитам роденден, туку најчесто да ги зезам другарите, а и стварно е смешно."

Речиси истата причина за учество во вакви емисии ја наведува и 23 годишниот Марко од Скопје.

,,Кога ќе се собереме друштво гледаме фудбал и на полувреме за забава, чисто за разонода."

Социлозите велат дека луѓето имаат потреба да излезат од анонимноста и да се одвојат од масата, а тоа го прават преку испраќање пораки што ќе се прочитаат на медиумите. Професор Ѓорѓи Тоновски вели дека една од причините за поздравување преку медиумите можеби е искрената желба некој да се поздрави.

,,Втора причина би била да се биде интересен пред овој или оној, трета причина би била дека пред некого се изигрува некаква позиција на ,,фраерство."

Според Анализата на пазарот на радиодифузна дејност што ја подготвува Советот за радиодифузија, меѓу 2 и 6 отсто од приходите на локалните и регионални радија и телевизии отпаѓа на приходи од поздрави и честитки, емисии и музички блокови со СМС-пораки, интерактивни игри преку телефонска линија или телефонски услуги со посебна тарифа.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG