Достапни линкови

Авион марка Ербас се запалил во воздух


Авион на австралиската компанија „Џетстар“ марка „Ербас“ принудно слета на островот Гуам во Тихиот океан поради мал пожар во кокпитот. Авиокомпанијата соопштил дека авионот кој патувал на релација Јапонија – Австралија се запалил во воздух. Пилотот и копилотот успеале да го изгаснат огнот пред авионот во кој патувале 203 патници принудно да слета. Во инцидентот нема повредени.
XS
SM
MD
LG