Достапни линкови

Босанска телевизија тврди дека има нови снимки од Ратко Младиќ


Босанска телевизија емитуваше нови снимки од хашкиот бегалец Ратко Младиќ. Сараевската ФТВ соопшти дека има лента со едночасовни снимки од Младиќ на излет со семејството. Снимката најверојатно е направена минатата година. Српските власти, од друга страна, се сомневаат дека станува збор за нова снимка. Директорот на Српската канцеларија за соработка со Хашкиот Трибунал Душан Игњатовиќ рече дека во случајов најверојатно станува збор за стара снимка која веќе му е предадена на Триубуналот.
XS
SM
MD
LG