Достапни линкови

Што стои зад најновите протести на србите на северот на Косово?


Политички или некои сосема други причини. Тамошните локални лидери и натаму ги игнорираат апелите на официјален Белград да соработуваат со ЕУЛЕКС.

Единственото решение може да се најде во разговори со претставници на ЕУЛЕКС, беше одговорот на надлежното министерство за Косово и Метохија ден пред протестите на косовските срби на граничниот премин Јариње поради воведувањето царини.

,,Не смееме да дозволиме какви било провокации и треба да се испрати јасна порака до мисијата на ЕУЛЕКС дека претставниците на општините се подготвени да разговараат за сите проблеми. Не гледам друг начин освен разговори.,,

Овој апел на надлежниот српски министер Горан Богдановиќ беше отфрлен од претседателите на северно косовските општини и стопанствениците. Тие го обвинија него, како и српската влада, дека работи во корист на интересите на Приштина. Координаторот на Форумот за етнички односи Душан Јаниќ наведува дека новите протести откриваат една поширока и посериозна слика:

,,Проблем е што наводно Борис Тадиќ и Горан Богдановиќ не можат да запрат пеесетина луѓе. Знаете, ако вие не можете да ги запрете оние што се радикални, тогаш постојат два проблема. Или не сакате, па мора да ве сменат или едноставно учествувате со нив во бизнисот со неплатени царини и шверц.,,
Ако минувате низ северно Косово на секои два ипол три километри ќе најдете бензинска станица, главно со гас од Гаспром и бензин од Лукоил. Се носи од Србија и не се плаќа царина. На тие бензински станици не запираат ни цистрени, ни коли...


Ваквата ситуација, според аналитичарот Симеон Побулиќ дополнително ја усложнуваат и одделни партии во Србија кои сакаат да си го поправат својот рејтинг. Таквите партиски ангажмани не придонесуваат за решавање на суштината на проблемот, односно како да се воспостави извесна контрола над движењето на стоката и како да се спречи криумчарењето.

,,Според тоа, најдобро е тоа што го вели министерот за Косово Богдановиќ, неопходен е договор со ЕУЛЕКС и да се најде начин кој ќе биде корисен за сите.,,

И според уверувањето на Душан Јаниќ зад проблемот не се крие политичко, туку економско и безбедносно прашање:

,,Ако минувате низ северно Косово на секои два ипол три километри ќе најдете бензинска станица, главно со гас од Гаспром и бензин од Лукоил. Се носи од Србија и не се плаќа царина. На тие бензински станици не запираат ни цистрени ни коли. Тоа се пунктови за размена на хартии.,,

Вели Јаниќ, додавајќи дека на таков начин огромни средства се одливаат преку границата. Со тие пари, како што наведува, се одржува илегалната економија меѓу србите и албанците, што пак, станува се посериозен безбедносен ризик.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG