Достапни линкови

Скусен буџет за Армијата


Македонски војници
Македонски војници
Македонија има декларирано дека ќе троши 2,3 проценти од Бруто Домашниот Производ за Армијата и со тоа спаѓа меѓу земјите чиј буџет наменет за армијата е меѓу највисоките во регионот. Годинава своите обврски армијата ќе мора да ги рационализира во рамките на скусениот буџет. Макеоднија го исполнува НАТО критериумите за годишни трошоци за одбраната и со тоа се наоѓа меѓу само 6 земји кои се приодржуваат на овој критериум, вели претседателот на собраниската комисија за одбрана, Влатко Ѓорчев.
Во време на светска економска криза, ова е максимумот кој што може да се ,,извади" во оваа ситуација, кој што не е идеален, но кај нас кратењата се многу помали отколку во другите земји


,,Тоа секако не е доволно, би требало и повеќе, но во време на светска економска криза, во време на глобална рецесија ова е максимумот кој што може да се ,,извади" во оваа ситуација, кој што не е идеален, но кај нас кратењата се многу помали отколку во другите земји."

Аналитичарот Ризван Сулејмани смета дека уште поважно за армијата е како буџетот се распоредува. Имено според него загрижува одржувањето на стандардите на армијата доколку не е сосема јасно каде се крати буџетот и во кои сегменти се врши скратувањето.

,,Треба да се покаже каде се кратат парите, за што се кратат. Било кој од тие предвидени средства, од некаде се кратат, од некаде ќе остане кусо, војска не отпуштаме, така што единствено може да се крати на тоа, на обуки и на опрема."

Особено загриижува според него тоа што не е јасна стратегијата на распоредување на средства мислејќи на набавката на хеликоптерите во трамките на МВР. Сулејмани смета дека тоа е нешто што е направено на штета на армијата на која и е потребно доопремување.
Треба да се покаже каде се кратат парите, за што се кратат


,,По која стратегија ние купуваме, таму немаме пари, а овдека ги префрлуваме парите и купуваме скапи хеликоптери."

Вели Сулејмани. Според него трошењето на буцетот само н аплати и истовремено зголемувањето на бројот на војниците само ја надопонува загриженоста за идното инвестирање во нејзиното опремување. Военото воздухопловство на Макеоднија располага во нмоментов со само два технички исправни хеликоптери. Командантот на воздухопловниот винг на АРМ неодамна изјави дека се надева на набавка на нови летала затоа што и и технички исправните МИ-8 и МИ –17 смета да летаат само до керајот на годинава.
XS
SM
MD
LG