Достапни линкови

Стечај за Сведмилк


Поставување камен темелник на фабриката Сведмилк
Поставување камен темелник на фабриката Сведмилк

Сведмилк отиде под стечај. Според стручната јавност овој случај, покажа дека кога се бара инвеститор претходно треба добро да се провери неговото искуство, но и неговата финансиска ситуација.

Сведмилк отиде под стечај. Сопственикот Моше Баум не го исполни единствениот услов на фармерите да им го врати долгот од речиси четири милиони евра, кој го оставиле претходните газди. Млекопроизводителите единствениот излез за да ги вратат своите пари го побараа во покренувањето на стечајна постапка. Но кој треба да ја сноси одговорноста за пропаѓањето на една фирма како Сведмилк?
Апсолутно секој што ќе направи нешто, дали е тој газда, дали е поставен директор или менаџер, секој треба да има своја одговорност
Сопственикот на Здравје Радово Јован Дабевски вели дека вината треба да се бара, кај оној што ја води компанијата.

,,Дали треба да понесе одговорност? Апсолутно секој што ќе направи нешто, дали е тој газда, дали е дел од сопственичката структура, дали е поставен директор или менаџер, секој треба да има своја одговорност."

Доколку се работи за сопственик, кој притоа и ја управува фирмата, тогаш тој е виновен за нејзиниот неуспех. Но, доколку некој само фигурира како сопственик, а други се задолжни за неа тие треба да сносат одговорност, вели професорот по трговско право Горан Коевски.

,,Во друштва каде што имаме одвојување на сопственост од управување, значи едните акционери, другите Одбор на директори,
Секако треба да знаете и кој е купувачот, за да знаете во поглед на бонитетот, во поглед на финансиите, долгови, која е состојбата, за да знаете со кого конректно стапувате во продажба
менаџмент итн. Значи каде што има одвојување на сопственост од управување, вината се бара во менаџментот, не кај газдата условно... Но, во овој случај го имавме Моше Баум, сопственик кој истовремено и ја менаџираше фирмата, така што тука може да се бара лоцирање на некаква одговорност."

Кога се бара нов инвеститор или тим кој ќе води една фирма без разлика дали е од странство или од нашата земја треба предходно да се провери неговото искуство и финансиската ситуација, за да се утврди дали е погоден за таа функција вели професорот Коевски.

,,Секако треба да знаете и кој е купувачот, за да знаете во поглед на бонитетот, во поглед на финансиските, долгови, која е состојбата, за да знаете со кого конректно стапувате во продажба."

Сведмилк е само еден случај во низата, каде поради лошата работа на менаџментот фирмите морале да стават клуч на врата. Некои завршуваат во стечај, а некои се ликвидираат. Но секогаш на крајот според експертите оние што губат се вработените.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG