Достапни линкови

Во Иран утре претседателски избори


Во Иран заврши кампањата пред утрешните претседателски избори. Нјасериозни кандидати за победа се актуелниот претседател Махмуд Ахмадинеџат и поранешниот премиер Мир Хосеин Мусави, кој се смета за реформист. За време на кампањата имаше митинзи со посети на илјадници иранци, главно на собирите на Ахмадинеџат и на Мусави, а за прв пат имаше и телевизиска дебата меѓу кандидатите. На крајот од кампањата, Иранската Револуционерна Гарда ги предупреди реформистите дека нема да биде толериран каков било обид за револуција.
XS
SM
MD
LG