Достапни линкови

logo-print

Црна Гора се мобилизира против свинскиот грип


Црногорското Министерство за здравство најави дека од утре на сите гранични премини во државата ќе биде воведена засилена санитарна проверка како претпазливост од новиот грип А, попознат како свински грип. Oдлуката се спроведува врз основа на препорака од Институтот за јавно здравство на Црна Гора пред претстојната туристичка сезона. Секој патник при влез во Црна Гора, за време на пасошката контрола. ќе добие препораки и прашалник, а на сите ќе им бидат достапни маски и ракавици a од 11 јуни ќе се организира „приправност на санитарни инспектори по однапред утврден распоред“.
XS
SM
MD
LG