Достапни линкови

logo-print

Соработка во одбраната меѓу Македонија и Србија


Драган Шутановац - Министер за одбрана на Србија

Драган Шутановац - Министер за одбрана на Србија

Министерствата за одбрана на Македонија и Србија потпишаа Спогодба за соработка, која предвидува развивање на воената економија и индустрија и обука на македонски студенти во српската Воена Академија. Спогодбата беше потпишана во Скопје за време на престојот на српскиот Министер за одбрана Драган Шутaновац.

Обука на студенти во српската воена академија, развивање на воената економија и воеаната индустрија, му понуди српското Министерство за одбрана на македонското. Двете министерства потпишаа спогодба за ваква соработка. Србија само минатата година заработила 40 милиони долари од извоз на оружје и воена опрема. Нивниот министер за одбрана Драган Шутовац вели дека со
Се согласивме дека не сакаме да бидеме само пазар на оние што извезуват воена опрема и вооружување, туку дека можеме заедно нешто да направиме
Македонија можат заеднички да ја развијат воената индустрија:

,,Се согласивме дека не сакаме да бидеме само пазар на оние што извезуват воена опрема и вооружување, туку дека можеме заедно нешто да направиме. Сметаме дека тоа е можно и дека е можно заедно да се појавиме на третите пазари."

И македонското министертво им ги понуди на своите српски колеги досегашните искуства во воените реформи. Тоа значи дека Србија ќе го користи делумно македонскиот модел на реформирање на армијата според НАТО стандардите.

,,Тоа е јасна порака на министрите и лидерите од овој регион во кој правец сакаат да го придвижат целиот овој регион, ваквиот начин на комуникација на целиот регион на нас, министрите од Балканкиот полуостров ќе продолжи и понатаму."

вели Зоран Коњановски Министер за одбрана.
Тоа е јасна порака на министрите и лидерите од овој регион во кој правец сакаат да го придвижат целиот овој регион

Српската воена индустрија е силна водечка индустрија во Европа продавајќи воена опрема на блискиот исток, вели поранешниот мионистер Владо Бучковски. Според него ако Македонија најде интерс можна е соработка.

,,Немаме воена индустрија, ние во секој поглед би можело, ако најде интерес нашето Министерство, бидејќи ја враќа сега Воената академија, да има размена на професори, а не на размена на студенти. Значи за делот на воената индустрија неможам да проценам кој е интересот, а на Воената Академија на ниво на Академиите да има соработка."

Евроинтеграциите се заеднички интерес на овие две земји за соработка вели поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски. Србија треба да исполни уште неколку критериуми.

,,Мислам дека и тоа е нашата визија како Македонија, едноставно целиот Западен Балкан да биде интегриран, бидејќи само на тој начин може да се расчистат сите евентуални проблеми кои би доаѓале во иднина, безбедносни или политички."

По привременото заладување на односите со Србија, по македонското признавање на Косово, во последно време, дипломатските врски со северниот сосед се интензивираат. Македонија назначи нов амбасадор во Белград, српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ неодамна ја посети земјава, а српскиот претседател Борис Тадиќ присуствуваше на инаугурацијата на претседателот Ѓорѓе Иванов.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG