Достапни линкови

Општините не умеат да лобираат за повеќе пари


Коце Трајановски - Градоначалник на Скопје
Коце Трајановски - Градоначалник на Скопје

Македонските општини не знаат да лобираат кај Владата или Европските институции за да ,,извлечат" повеќе пари потребни за реализација на локалните проекти, покажува истражувањето за капацитетот на локалната самоуправа во државата за лобирање.


Повеќе од половина градоначалници во Македонија не знаат како да лобираат до Владата и Европските институции финансиски да го помогнат остварувањето на нивните општински проекти. Ова е заклучокот од истражувањето на Марјан Танушевски, магистер по кадровски менаџмент од Битола, инаку прв Македонец кој научно го проучува капацитетот на локалната самоуправа во државата за лобирање. Ова е еден од најчесто користените термини во последно време кој се спомеува кога општините треба да извлечат пари од европските фондови за финансирање на проекти или пак лобирање кај странски држави за подршка на Македонија во решавањето на спорот со името и влез во НАТО и ЕУ. Истражувањето спорведено во 71 општина од државата укажало дека лобирањето е нова и
Време е ЗЕЛС, општините во земјва или некоја друга институција од државата да отвори постојано претавништво за лобирање во Брисел. Таму се парите за да успеат да ги реализираат своите проекти
непозната дисциплика за повеќе општинари и градоначалници, кои не ги познаваат техниките на влијание, ниту посетувале обуки за лобирање.

,,Општините почувствувале потреба да ангажираат лобисти професионаци, пред се заради реализација на прокети од ИПА фондовите. За жал и тоа не е доволно во оваа фаза, општините се препуштени сами на себе. До овој момент во Република Македонија нема ниту еден лобист професионалец."

објаснува Танушевски.
Лобирањето е уметност на убедување со редица потези и акции за да се изврши влијание при донесување на одредени одлуки. За првпат се појавило во 1869 година во лоби барот на хотелот Вилорд во Вашингтон. Но, во Македонија Закон за лобирање беше донесен дури минатат година. Таков закон во Европа имаат уште Полска и Литванија, а во другите развиени земји е регулиран со кодекси, други акти и често се применува.

,,Време е ЗЕЛС, општините во земјва или некоја друга институција од државата да отвори постојано претавништво за лобирање во Брисел. Таму се парите за да успеат да ги реализираат своите прокети. И би завршил со златното правило во лобирањето кое гласи во бизнисот и во политиката не го добиваш тоа што го заслужуваш, туку тоа што ќе го договориш."

додава Танушевски.
Неговата новообјавената книга Лобирањето во локалната самоуправа е прв труд во државата на оваа тема. Но, суштински зашто во себе ги содржи одговорите оти македонските општини користат само мал дел од средатвата на предпристапните европски фондови.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG