Достапни линкови

Русија ќе ги продава девизните резерви во САД


Руските власти соопштија дека ќе ги продаваат девизните резерви во САД. Русија чува 30 отсто или околу 402 милјарди американски долари девизни резерви во Америка. Вицегувернерот на руската Централна банка Алексеј Улјукајев изјави дека земјата планира да откупи записи од Меѓународниот Монетарен Фонд и да ги зголеми влоговите во форма на банкарски депозити. Руските власти претходно пројавија интерес за записите на ММФ во вредност од околу 10 милјарди американски долари.
XS
SM
MD
LG