Достапни линкови

Затвореници од Гвантанамо Беј на остров во Тихиот Океан ?


Властите на островот Палау во Тихиот Океан се согласиле да прифатат 17 кинези од затворот Гвантанамо Беј. Затворениците од муслиманска вероисповест се осомничени за тероризам во Куба. Во изјава за новинските агенции претседателот на Палау, Џонсон Торибионг вели дека неговата влада се согласила да го одобри барањето на САД да ги прими затворениците на определено време.
XS
SM
MD
LG