Достапни линкови

Границите на Балканот сеуште проблематични


Македонија - Гранична полиција

Македонија - Гранична полиција

Прашањето за границите на Балканот не е завршена работа, коментираат дел од домашните политички аналитичари.
Колку и да сакаме да веруваме дека настаните од блиското минато на Балканот и во Источна Европа се завршена работа, сепак, тие се уште се проблематични, вели пензионираниот полковник Благоја Марковски.

,,Границите на Балканот не се завршена работа иако тоа меѓународната заедница никогаш не би го дозволила, да се повторат 90-тите
Меѓутоа е очигледно дека Косово уште долги години ќе вегетира, вака како што вегетира за да во еден момент веројатно дојде во поделба меѓу Албанците и Србите на Косово
години, меѓутоа е очигледно дека Косово уште долги години ќе вегетира, вака како што вегетира за да во еден момент веројатно дојде во поделба меѓу Албанците и Србите на Косово."

Ниту во Босна, ситуацијата не е ништо подобра, вели Марковски.

,,Се појасни и погласни ќе бидат ставовите на Србите од Република Српска за одвојување од Босна и Херцеговина и припојување кон Република Србија."

Професор Имер Исмаили вели дека идеите за промена на границите не смее веднаш да се отфрлаат, но треба да се види кој ги пласира тие идеи. Тој вели дека ако такви идеи постојат во големите центри на моќ, тогаш тие идеи и ќе се спроведат во блиска иднина. Речиси ни еден народ на Балканот не е задоволен од својата моментална положба и сака да добие поголема држава, вели Исмаили.

,,Сите народи на Балканот тежнеат кон нешто поголемо, нешто што не е сега и тука, туку да биде поинакво и да биде во нивни интерес. Сега доволно е некој да ги мотивира, иако тие сами по себе се мотивирале размислувајќи за тоа, меѓутоа свесни се дека тоа неможат да
Сите народи на Балканот тежнеат кон нешто поголемо, нешто што не е сега и тука, туку да биде поинакво и да биде во нивни интерес
го реализираат сами."

Марковски, сепак, не верува дека евентуалната промена на границите на Балканот, би се одразила и на промена на македонските гранци. Решението е во приклучувањето кон ЕУ, укинувањето на граничните бариери и слободниот проток на луѓе и стока, но границите нема да се сменат, вели Марковски.

,,Тие веројатно ќе останат така како што се, меѓутоа со голема либерализација или поврзување меѓу Албанците од Косово и Албанија, па делумно и од Македонија."

Исмаили, сепак, вели дека резултатите од последните европски избори не одат во прилог на таа теза.

,,И европјаните имаат тенденција на враќање на традиционалното. Што значи европската идеја стагнира или не се прифаќа меѓу луѓето во Европа. Ако тоа не поминува меѓу европјаните што може да очекуваме ние на Баланот."

Имајќи го предвид сево ова промената на границите на Балканот не е исклучена, заклучува Исмаили.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG