Достапни линкови

Руски полковник ослободен од обвиненниа за киднапирање


Руските власти соопштија дека полковникот Јури Буданов е ослободен од обвиненијата за киднапирање на осумнаесетмина луѓе кои се водат како исчезнати во војната во Чеченија. Буданов е еден од неколкумина руски официри кои беа обвинети за злодела за време на двете војни во Чеченија. Рускиот полковник беше осуден во 2003 година на десет години затвор поради убиство на 18 годишна жена во Чеченија. Неговото рано ослободување во Јануари годинава предизвика протести на чеченските активисти за човекови права.
XS
SM
MD
LG