Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат препукувањата власт-опозиција?


Премиерот Груевски и владините министри

Премиерот Груевски и владините министри

По реформите во опозицијата, не стивнуваат коментарите од власта и препукувањата меѓу двете страни. Според експертите се работи за нормални односи меѓу две конкурентски партии.

Власта засега нема причини за вознемиреност и загриженост, велат и од опозицијата и експертите. Од СДСМ велат дека незнаат кои се причините за вознемиреност на власта, со оглед на тоа што власта има огромно мнозинство во парламентот. Тие одлучиле да воведат ново ниво на политичката култура, а засега работат на програмите со кои ќе делуват во иднина.

,,Ние ќе делуваме на две полиња, првото е внатрешното развивање на партијата, комуникација и што се вели збивање на редовите.
Власта настојува секој обид на консолидација на опозицијата, настојува да ја неутрализира, едноставно да ја намали нивната улога. Затоа сметам дека сега кај власта постои еден вид нервоза
Второто ќе биде на тоа веќе работиме интензивно, на понудување програма и визија на граѓаните на Македонија, за тоа како ќе делува во иднина СДСМ, која ќе биде нашата платформа и како планираме да победиме на следните парламентарни избори."

Вели потпреседателот на СДСМ, Гордан Ѓоргиев.
Откако Бранко Црвенковски го претстави новиот тим на СДСМ, во јавноста не стивнуваат меѓусебните препукувања власт-опозиција. Премерот Никола Груевски, вчера оцени дека Црвенковски не му е сериозен противник, бидејќи половина од тимот веќе е позната, а другата половина биле во функција на формални или неформални негови советници. Професор Нано Ружун, кој е член на ЛДП, смета дека во духот на секоја политичка партија која е на власт е да се сотре противникот.

,,Власта настојува секој обид на консолидација на опозицијата, на појавата на нови сили на политичката сцена, настојува да ги неутрализира, да влијае врз нив, едноставно да ја намали нивната улога. Затоа сметам дека сега кај власта постои еден вид нервоза."

Вели Ружин и додава дека, опозицијата треба да направи стратегија, да се консолидира а не само да се насочува единствено кон грешките
Едните се заинтересиран да го сочуваат рејтингот, а опозицијата секогаш бара шанса и напаѓа
на власта. Директорот на институтот „Евро-Балкан“ Јован Донев, вели дека односите меѓу опозицијата и власта се нормални односи меѓу две конкурентски партии.

,,Едните се заинтересиран да го сочуваат рејтингот, нормално тоа е ВМРО ДПМНЕ, евентуално да спречат пребегнување на своето членство во партијата на Бошковски и од друга страна е СДСМ која како опозицијата секогаш бара шанса и штом ќе најде шанса реагира и напаѓа."

Тој смета дека здружувањето на опозицијата нема посериозно да ги промени состојбите на политичката сцена. И од опозицијата и од власта, велат дека граѓаните го имаат последниот збор, тие на следните избори ќе треба да одлучат на кого да го дадат својот глас.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG