Достапни линкови

logo-print

Нимиц ќе ја испитува готовноста на Скопје и Атина за преговори


Посредникот на Обединетите Нации во спорот за името меѓу Грција и Македонија Метју Нимиц ќе ги посети Атина и Скопје во почетокот на јули, пишува денеска грчкиот весник То Вима. Целта на посетата на Нимиц е да ја испита подготвеноста на двете страни за затворање на спорот. Медиуми во Македонија пак повикувајки се на дипломатски извори јавија дека за истата цел се планира претходно Нимиц да има средби со преговарачите на двете земји Адемантиос Василакис и Зоран Јолевски. Последните формални разговори на медијаторот Нимиц со двајцата преговарачи се одржаа на 11 февруари во Њујорк. Преговорите привремено беа „ставени во мирување“ поради претседателските и локалните избори во Македонија и за Европскиот парламент во Грција.
XS
SM
MD
LG