Достапни линкови

Заговор против демократијата!


Мапа на слободата

Мапа на слободата

Во извештајот од студијата се заклучува дека Кина, Русија, Иран, Венецуела и Пакистан вложуваат во доброорганизирани и софистицирани планови со цел да го поместат меѓународниот развој и да ги замолчат организациите за човекови права. Во студијата на трите организации се предупредува дека политичарите и властите не ги забележуваат опасностите за демократијата и владеењето на правото кои авторитарните лидери ги создаваат.
„Како што владеат без почит кон законите во сопствените земји, тие предизвикуваат и ерозија на меѓународните правила и стандарди кои демократскиот свет ги градеше во изминативе неколку децении. Постои закана за извоз на нестабилноста и ширење на злоупотребите кои нивните системи ги создаваат“ се наведува во извештајот.
Кинески полицаец спречува фоторепортери на Тијенанмен - 04.06.09

Последниот осуден удар на човековите права и слободи се случи во Кина. Полицијата и војската го блокираа плоштадот Тианмен, спречувајки било каков обид за одбележување на дваест годишнината од разбивањето на демократските протести што се случи на 4 Јуни во 1989 година. Кина претставува систем на „отпорен авторитаризам, вели експертот Пери Линк. Според него, многумина очекувале дека кинеската комунистичка партија со време ќе пропадне, но таа се зајакнала, претворајќи се во авторитативна владејачка партија

,,Сето тоа се проектира многу надвор од земјата. Кинеската власт едноставно претставува пример за други авторитарни системи кои бараат модерни формули за задржување на власта и подобрување на економската ситуација,,
Кинеската власт е пример за авторитарните системи како да бараат модерни формули за да останат на власт и како да ја подобрат економската состојба

Со понудата на пакети за помош за Латинска Америка и Африка, Кина се здоби со подршка од други влади. Светската банка проценува дека Кина е земја од која Африка има добиено најмногу заеми.

Извештајот нагласува дека владите на Венецуела, Русија и Иран на многу сличен начин ја користат својата моќ за да добијат подршка од странство. Ваквиот принцип на владеење, како што се наведува во извештајот од студијата на Радио Слободна Европа, Радио Слободна Азија и Фридом Хаус, повеќе личи на корупција отколку на демократија. Даниел Кимаг, руски експерт и еден од авторите на студијата, појаснува дека на овој начин руската Влада го извезува своето влијание во странство

,,Во надворешната политика на Русија не се забележува апстрактен елемент на национален интерес, карактеристичен за политиките на демократските земји. Во случајот на Русија, станува збор за многу потесни интереси на елитата. Руската елита се фокусира кон извоз на енергенси и слични бизниси кои полесно се прават во странство отколку во сопствената држава.,,

Во извештајот се препорачува светските демократии да се обединат против автократските режими во светот.
XS
SM
MD
LG