Достапни линкови

Западниот Балкан ќе биде приоритет на Шведска во ЕУ


Забрзувањето на процесот на приближување на земјите од Западен Балкан кон Европската унија ќе биде еден од приоритетите на идното шведско претседателство на Унијата, изјави вчера во Брисел шведскиот премиер Фредерик Рајнфелт, чија земја од 1 јули ќе претседава со Унијата. Тој посочи дека Шведска ке работи врз забрзување на претпристапните преговори со Хрватска и Турција, но напредокот во таа насока најмногу ќе зависи од тие две држави.
XS
SM
MD
LG