Достапни линкови

Во Македонија доаѓа српскиот министер за одбрана


Министерот за одбрана на Република Србија Драган Шутановац денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Тој ќе се сретне со својот македонски колега Зоран Коњановски, при што ќе биде потпишана Спогодба за соработка во областа на одбраната. Шутановац ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и од премиерот Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG