Достапни линкови

logo-print

Словенија официјално во рецесија


Словенија во првиот квартaл од годинава забележа негативен економски раст од минус 8,5 проценти. Tоа е втор по ред квартал на негативен раст што значи дека земајата е во рецесија, соопшти денеска Заводот за статистика во Љубљана. Во првите три месеци од годинава забележан е значителен пад на инвестициите, извозот и увозот, додека во истиот период во 2008 година забележан е рекорден раст. Според статистичките податоци, извозот во првото тримесечје паднал за 21 насто а увозот за 23 проценти. Бруто домашниот производ, пак, забележал пад од 6 насто во однос на последниот квартл од минатата година.
XS
SM
MD
LG