Достапни линкови

Официјализиран стечајот на „Сведмилк“


Oсновниот суд Скопје 2 денеска официјално ја соопшти одлуката за отворање стечајна постапка во „Сведмилк“. Со тоа е одбиено барањето на сопственикот на млекарницата Моше Баум за пролонгирање на стечајот до 15 овој месец. Баум, преку ополномоштен претставник, на првото рочиште во Судот минатата недела, побара двонеделно пролонгирање на стечајот, ветувајќи дека дотогаш ќе биде доставена банакарска ганарнација за исплата на долгот кон сите доверители.
XS
SM
MD
LG