Достапни линкови

Водата во Охридското Езеро безбедна за капење


Охридско Езеро
Охридско Езеро

Последните испитувања на Заводот за здравствена заштита покажаа дека водата во Охридското Езеро со добар квалитет за капење и рекреација. Од Заводот сепак предупредуваат дека постои потенцијална опасност од загадувачи кои не се вклучени во колекторскиот систем.

Најголемиот дел, 98 проценти од водата во Охридското Езеро од испитаните 30 примероци на Македонската страна е од прва и втора категорија, што значи безбедна и со добар квалитет за капење и рекреација. Од нив, 45 проценти е вода од прва, а 55 проценти вода од втора класа. Трета категорија, со лош квалитет за капење има водата кај месноста Сараиште во крајбрежниот стар дел на Охрид, а од трета и четврта класа се црните еко точки - водите на реките кои се вливаат во езерото, Сатеска, Коселска и Велгошка, кои со децении се најголеми загадувачи на езерото и неговиот еко систем и никако да се санираат. Ова го покажаа последните испитувања на Заводот за здравствена заштита што традиционално се прават секогаш пред почетокот на туристичката сезона:

,,Водата во најголемиот дел односно во целиот дел од Охридското крајбрежје може да се користи за капење.Примероците на вода се
Водата во најголемиот дел односно во целиот дел од Охридското крајбрежје може да се користи за капење. Но, сеуште постои опасност потенцијална од сите оние делови кои што не се приклучени во колекторскиот систем
земени на 10 до 15 метри од брегот на Охридското Езеро во длабочина од пола метар до метар,токму оној дел кој се користи за спорт,капење и рекреација. Што значи дека водата е безбедна и може да се користи за спорт,капење и рекреација,според резултатите од мај. Но, сеуште постои опасност потенцијална од сите оние делови кои што не се приклучени во колекторскиот систем. Има одеренеи делови, неколку куќи во Канео, дел од куќите кај Света Софија и делот од Лагадин до Свети Наум кој не е вклучен во колекторскиот систем. Тие објекти, дали се туристички, хотелски или приватни куќи претставуваат потенцијална опасност за загадување на Охридското Езеро, но сепак водата и таму е од прва или втора класа."

Вели Сашо Точков од Заводот за здравствена заштита во Охрид.
Со пречистителниот колекторски систем сеуште не се опфатени туристичките места Пештани, Трпејца и Љубаништа, кои се најпосетени од гостите. Според последните микробиолошки анализи и водата за пиење во Охрид е исправна:

,,Редовно се врши контрола на водата од градската водоводна мрежа. Резултатите покажуваат дека оваа вода е безбедна,здравствено исправна и може да се користи за пиење.Вршени се месечни редовни контроли на водата од јавните чешми што јавно и масовно се користат од граѓаните.Сите тие чешми се со безбедна и здравствено исправна вода. Последните анализи на водата од Билјанините Извори покажуваат дека и таа вода е со добар квалитет и дека нема никакво микробиолошко загадување, како што беше порано."

Вели Точков. Во врска со актуелното цветање на зелените алги во езерото, што создава нечиста слика со непријатен мирис, стручњаците смируваат со образложение дека тоа е природен сезонски процес пред почетокот на летото, што се должи на наглото зголемување на температурата на водата, што не е воопшто опасно и штетно за капачите.
XS
SM
MD
LG